Премиера

“Овој живот убав е” ќе ве освои на прво слушање, Велевска ви подарува нова песна и спот (Фото+Видео)

Фолк пејачката Елена Велевска на крајот на летото реши на својата публика да и подари нова песна и спот. Артан Кастрати го направи аранжманот, Орце Зафировски текстот, а за инструменталниот дел се погрижија Мишел Трајковски и Ферчо Мустафов.

“Долго време размислував што да и подарам на мојата публика, преслушав многу песни, но ништо не ми се допадна. “Овој живот убав е” ме освои на прва, неизмерно сум му благодарна на Орце Зафировски кој ја пренесе пораката на вистински начин. И покрај се кое што го живееме, преживуваме колку и да е црно, постои сепак нешто кое ни дава надеж дека утре ќе биде подобро. Со оглед на тоа дека сум мајка пред се не смеам да си дозволам деструктивни мисли, на сите ни е тешко, но секој од нас мора најде нешто кое ќе му го направи овој живот убав. Насмевката на моите деца, публиката, сцената, музиката, семејството се само дел од работите кои мојот живот го сочинуваат убав. Се надевам дека на мојата публика ќе им се допадне песната и пораката и дека ќе им биде мотивација,ќе ја слушаат”, ни изјави Велевска

Видео спотот е дело на Александар Ристовски- Принц.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: