Само што се појави на сцената, а веќе руши рекорди – “Пајак” со нова песна (Фото+Видео)

Одкако влезе под капата на “Урбан Рекордс” продукција, младиот и талентиран Пајак непрекинато работи на многу нови проекти и е доста продуктивен изминатите три месеци. Така веднаш во месец мај ја издаде песната “DarkSide”, која со два милиони прегледи поминува одлично. Потоа во јуни следуваше “Крај:, а веќе денес на музичкиот портал Музика24 ја промовираме “Ноќва”.

“Ноќва” е нумера во трап стил за која музиката и текстот се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо. Режисер на спотот е Гордан Божиновски во соработка со “Artistic Production” i Digitalbox. Се снимаше на повеќе локации, вечерно низ скопските улици и дел во Охрид.

Во продолжение новиот видеозапис за “Ноќва”, која е веќе на позицијата #3 на трендинг на Youtube и се надеваме дека и таа ќе допре како и останатите и ќе остави важна порака на публиката.

Повеќе на Музика24...