Пејачот Боби Павловски заврши во самица (Видео)

По одличните “Метар дана” и “Тамо негде”, Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството. Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов “Самица” и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun.

Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце.

“Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, кој всушност е и мини филм и сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Многу верувам во целиот овој проект кој почна со “Метар дана” и драго ми е што публиката досега препозна колку се вложив себеси во сето ова”, вели Павловски кој наскоро на јавноста ќе и го претстави и следниот проект.

Во меѓувреме, Боби е актуелен со настапите низ клубовите во земјава. Во продолжение, слушнете ја неговата најнова песна:

Повеќе на Музика24...