Предконцертно Лозаноски ја промовираше новата песна “Не те вадам од памет” (Видео)

“Не те вадам од памет” е насловот на најновата песна на познатиот македонски поп пејач Влатко Лозаноски, кој на само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, ја промовира и објавува пред македонската јавност, своите фанови и обожаватели.

И овој пат за овој хит на Лозаноски стои тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска, кои се комплетни автори на неговата најнова песна, додека пак за видео спотот, се погрижи Даниел Јовески. Како што дознаваме видеото е снимено на повеќе локации во Македонија, а покрај пејачот, во видео спотот се појавува и Мартина Михајловска, една од попознатите манекеники во нашата држава.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...