Предконцертно Саша Ковачевиќ го промовираше видео спотот за “Преварена” (Видео)

На само ден пред големиот спектакуларен концерт најавен во ВИП арената “Борис Трајковски”, познатиот и балкански популарен поп пејач Саша Ковачевиќ на неговиот YouTube канал го промовираше долгонајавуваниот и очекуван видео спот за песната “Преварена”: Како што дознава музичкиот портал Музика24, овој видео спот кој се повеќе подсетува на некој од авантуристичките филмови е снимен во Мароко, најегзотичната дестинација на светот. Можеби ќе се запрашате зошто токму таму, кога има милион други места каде може да се сними видео спот.

Знаејќи дека Ковачевиќ секогаш сака да ги изненади своите фанови, Мароко го има пред се одбрано како дестинација каде што повеќето светски познати играни филмови се имаат снимено токму на ова место каде што тој го има снимено последниот видео спот. Видеото го има снимено светски понзатата продуцентска куќа Атлас, која што меѓудругото го има снимено филмот “Гладијатор” и серијата “Игра на престолот”.

Музиката за оваа одлична балада е дело на Гиоргос Сампанис, текстот е на одличната и на далеку позната Марина Туцаковиќ, додека за аранжманот се погрижи Костас Калимери. Како режисер на овој одличен видео спот се потпишува Мартин Макариев, а во спотот друштво на Ковачевиќ му прави преубавата манекенка Маја Марчиќ. За снимањето на видео спотот како што дознава нашиот музички портал, биле ангажирани повеќе од 150 луѓе, а снимањето се одвивало во најголемата светска пустина Сахара.

Во продолжение со задоволство ви препорачуваме да го погледнете видео спотот за најновата “Преварена”. Уживајте!

Повеќе на Музика24...