Промовирана македонската евровизиска песна “You” (Видео)

Евровизиската песна “You”, со која што Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам беше промовирана вечерва во Дневник 2 на МТВ 1.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а фотографијата и монтажата се дело на Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

“За тебе или “You” ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме, да го славиме живoтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот – продолжете да играте во ритамот на животот. Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да ги забележиме и залудно ги трошиме. Длабоко верувам дека се започнува од нас и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток на нова приказна.Секој од вас ќе има прилика на свој начин да ја доживее оваа песна и ги очекувам сите ваши коментари да ги споделите и да ги тагнете нашите официјални хаштази: #VasilG #YOU #OpenUp #ESC2020″, изјави Васил. Васил ќе настапи во Првата полуфинална вечер на 12-ти мај.

Повеќе на Музика24...