“Сечање на твој грех” нова песна на Газова на српски јазик (Видео)

Сузана Гавазова продолжува да ја освојува регионалната сцена со уште една нова песна насловена “Сечање на твој грех”, за која повторно соработуваше со истиот тим што се потпиша на “Намазана”, односно автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ. Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополни Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.

Ова е трета песна на српски јазик за популарната македонска пејачка, која дебитираше на музичката сцена во соседството со темата “Хало”, по која следеше и “Намазана”.

“Голема благодарност на сите кои работеа на оваа песна и спот… дадовме голем труд и работа, па се надевам дека ќе ви се допадне”, напиша Гавазова на социјалните мрежи претставувајќи ја новата песна, а воедно ја најави и македонската верзија што ќе го носи насловот “Роден си за грев”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.