Симеон Коруноски го промовираше лирик видеото за “Дел од мене” (Видео)

“Дел од мене” е најновата песна од младиот Симеон Коруноски со кој што тој настапи на летниот музички фестивал “Охрид фест” на кој што ја освои наградата за најдобар аранжман. После неколку месеци како што и најави во интервјуто за музичкиот портал Музика24, денес на својот YouTube канал го промовираше лирик видеото за кое што како што самиот тој вели самиот го подготвил и воопшто не му било тешко, туку напротив, уживал во процесот на изработката на истото.

Песната е дело на Иле Спасев, додека текстот го подготви Огнен Неделковски. Веруваме дека оваа песна ќе биде една од Вашите омилени, а на нашето прашање што Симеон следно подготвува, тој за Музика24 одговори:

“Пишувам песни и работам со Иле Спасев, но сеуште незнам точно што конкретно, бидејќи сеуште го пронаоѓам својот стил и сакам да се развијам како вистински професионален артист, за што секако треба време. Тоа значи дека секоја наредна моја песна што ќе ја извадам ќе биде различна од претходната. А каде ќе не однесе тоа, ќе видиме (се смее)”, изјави Симеон за музичкиот портал Музика24, по повод излегувањето и промовирањето на неговото најновот и прво лирик видео.

Во продолжение со задоволство Ви препорачуваме да го поггледнете неговото ново видео, и секако да ја преслушате уште еднаш одличната “Дел од мене”.

Повеќе на Музика24...