“Сине” нова песна и видеоспот на Драган Величковски – Тајзи (Видео)

Денес на официјалниот YouTube канал, познатиот македонски артист Тајзи ја промовираше најновата песна “Сине”, а воедно и видеоспотот за истата. Како што открива Тајзи за музичкиот портал Музика24, овој проект за него претставува круна на неговата десетгодишна кариера, а како што и самиот тој вели, последните спотови во режија на се популарниот македонски режисер Даниел Јовески изгледаат навистина светски.

Песната “Сине” е дело на еден од најдобрите македонски продуценти, Лазар Цветсковски, кој се погрижи за музичкиот дел, додека текстот е дело на самиот пејач, Тајзи.

“Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот”, изјави Тајзи за неговиот најнов музички проект “Сине”.

Како што дознаваме, видеоспотот е снимен на повеќе локации во Македонија, Куклици во Кратово, тврдината Зебрњак, како и боксерски клубови од Скопје и Куманово. За да изгледа онака трансформирано во старец, за Тајзи се погрижи шминката на Андријана Станковска. Продукцијата Балкантон, чии ексклузивец е и нашиот артист, со гордост го најави неговото најново видео како нешто што ќе ги помести границите.

Повеќе на Музика24...


Warning: Unknown: write failed: Disk quota exceeded (122) in Unknown on line 0

Warning: Unknown: Failed to write session data (files). Please verify that the current setting of session.save_path is correct (/var/cpanel/php/sessions/ea-php56) in Unknown on line 0