Слушнете ги ремастерираните албуми на „Шарло акробата“, „Електрични оргазам“ и „Хаустор“

Само една недела пред официјалното објавување на три од четирите винили со кои Кроација рекордс слави 40 години од новиот бран, ремастерираните верзии на албумите на „Шарло акробата“, „Електрични оргазам“ и „Хаустор“ беа објавени исклучиво на стриминг сервисите. Ова се првите албуми на албуми на „Електрични оргазам“ и „Хаустор“, а единствениот албум на „Шарло акробата“. Албумите беа преработени од Горан Мартинац од оригиналните касети од Кроација Рекордс Студио и веќе може да ги слушате на сите стриминг сервиси во светот, вклучувајќи ги најпопуларните Spotify, Apple Music, Deezer и YouTube Music.

Пред-нарачки на винилите се можни од минатиот петок, а според првите информации, интересот е исклучително голем и постои можност поголемиот дел од тиражот да биде резервиран пред датумот на официјалната продажба. Тоа доволно зборува за важноста и популарноста на новиот бран, најважното музичко движење во историјата на поранешна Југославија, кое произведе голем број албуми и синглови, како и изведувачи кои креативно се издигнаа над целата музичка сцена и создадоа материјали што денес никој не ги надмина.

Потсетуваме, „Кроација рекордс“ слави 40 години – нов бран со четири луксузни изданија на винил кои ќе дојдат во боја и богати со придружни брошури со ексклузивна содржина, фотографии, текстови, досега невидени архивски снимки од архивите на „Југотон“ или „Кроација рекордс“, како и mp3 верзија на албумот. Уметничкиот дизајн на повторното печатење со обновените оригинални корици го направи Дарко Кујунџиќ, а уредник на сите изданија е Никола Кнежевиќ.

Телевизијата ЦМЦ, во соработка со Кроација рекордс, моментално работи на документарен филм што ги придружува овие четири албуми, но и поширока слика за сцената од новиот бран, што треба да биде објавена на денот на официјалната продажба на 3 од 4 винили, на 22-ри јануари. Потсетуваме, поради епидемиолошката состојба во Европа, што влијае и на работата на печатниците, албумот на „Хаустор“ ќе се најде во продажба на 23-ти февруари.

Ремастерираните верзии можете да ги чуете ОВДЕ.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com