Soundchek ја промовираа својата прва авторска песна ”Одведи ме во сонот” (Видео)

Неодамна гостиварскиот бенд Soundchek ја промовираше својата прва авторска песна насловена ”Одведи ме во сонот”. Аранжер и продуцент на песната е Валентино Скендеровски, а како што и самите откриваат за нашиот музички портал, видео спотот за оваа нивна прва песна е во реализација и изработка на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје. И девојката која што се појавува со самиот видео спот е актерка, Изабела Јакимова.

Инаку, бендот Soundchek е основан во 2015-та година и е составен од четири членови, и тоа: Давор Карафилоски – вокал, Драгутин Јаковлевски – гитара, Војкан Јаковлевски – гитара и Никодин Велјаноски – перкусии. А во продолжение со задоволство ви предлагаме да ја слушнете првата песна на овој млад, но сепак интересен бенд, песна која што веќе недели наназад се наоѓа на местото број 1 на мак топ листите на македонските радија, меѓукои е и познатото и едно од најслушаните во Македонија Антена 5 радио.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.