Премиера

По одлично снимените ковери на YouTube, со песна и видео спот – Стефан Вујовиќ ново музичко име во Србија (Видео)

Кој вели дека на Балканот нема теленти, навистина многу се прелажал. Веќе пишувавме за снимени ковери од наши македонски изведувачи, денес, ќе посветиме малку простор за еден млад дечко кој што својата кариера што туку ја започнува на српската музичка сцена. По неколкуте ковери кои ги има малтене совршено отпеани, тој ja сними својата трета песна и втор видео спот, кој ексклузивно ќе го промовираме ние Музика24 во Македонија.

Станува збор за Стефан Вујовиќ млад српски пејач со кој кога разговаравме и се договаравме само ни откри дека се има вратено од снимање и дека новиот спот само што не излегол. Музика24 ја има таа среќа ексклузивно со него да ви најави интервју кое што ќе имате можност да го прочитате во текот на следната недела на нашиот музички портал.

А за да бидете сигурни и да знаете за што досега пишувавме и за што сме толку упорни, малку погоре од овој текст е видеото, еден од многуте ковери на Стефан, со кои самите ќе се уверите за што точно станува збор. Ние тука завршуваме, а останатото го оставаме на вас.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: