Таско со порака до својата сакана: “Убиј ме” (Видео)

“Ти убиј ме. Во мене има лед ти уби се, чим земаш се оди не враќај се. Оди од мене далеку некаде, ти убиј ме!”, вака звучи рефренот на новата песна на Таско која што тој во текот на вчерашниот ден ја промовираше на својот YouTube канал. Интересна љубовна балада која што Таско на свој специфичен начин и емоции ја претставува на публиката и своите фанови. Љубовна приказна која што Гордан Божиновски одлично ја преточи во видео спот кој неколку пати во еден здив ќе го погледнете и пак и пак…

Песната е дело на Иван Јованов – Ивајо, Томислав Живковиќ беше задолжен за дрон снимањето, додека God Eye Production стои зад целиот проект. Уживајте во новиот видео спот на Таско.

Видео спотот можете да го погледнете на следниот линк: Таско – “Убиј ме”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.