“The Protagonist” го промовираа својот втор албум (Фото)

“The Protagonist”, еден од најпрогресивните алтернативни бендови, го издаде вториот по ред албум наречен “Absolute Attitude”. Бендот претходно објави три синглови од овој албум “Mono Maniac”, “Milion miles milion lives” и “Panic City” проследени со видео записи.

“Absolute Attitude” е сниман во Скопје и Берлин, додека финалните миксови се изработени во Берлин. Mастеринг изработи познатиот британски саунд инженер Simon Heyworth кој соработува и со Nick Cave, King Crimson, Goldfrapp, Mike Oldfield, Ennio Morricone, а со бендот соработува подолго време.

“The Protagonist” егзистира и работи во Берлин, бендот моментално е фокусиран на третиот албум “ACT!” кој треба да се појави следната година. “Absolute Attitude” е еклектичен албум, кој изобилува со музички текстури, мелодии и богати аранжмани. Неговaта длабочина и епски звуци блескаат преку моќните стихови на емотивниот вокал. Албумот сам по себе е едно уникатно музичко патување.

“Absolute Attitude”, e достапен на повеќе од 40 најпознати музички платформи како Spotify, Apple Music, Amazon, Tidel, Shazam, Google Play Music, но и на нивниот You Tube канал. Фотографијата на коверот е дело на холандскиот фотограф Пит Ван Ден Бемд изработена во Скервој, Норвешка.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.