Ексклузивците на “Урбан рекордс” Тракер и Таско доаѓаат со “Црна мечка” (Видео)

Се попопуларните Таско и Тракер заедно во нов проект на Урбан Рекордс продукција, каде Таско се појавува како гостин во новата трап песна на Тракер. Оваа не им е прва соработка на двоецот Таско-Тракер, тие летото минатата година снимија спот за “Не ме боли”.

Сега Тракер и Таско ни доаѓаат со “Црна мечка”.

Музиката и текстот се на Андреј Трајковски-Тракер и Христијан Тасковски-Таско, аранжман и мастеринг на Иван Јованов-Ивајо, спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски “God Eye Production”, а за организацијата и графичкиот дизајн се погрижи Борис Тасковски.

Спотот се снимаше на две локации низ државава, во Кавадарци и во Велес во една голема поранешна дискотека, во кој се појавува луксузен црн мерцедес од ЕС класата. Од продукцијата кои неуморно работат, знаат да кажат:

“Оваа песна како да влезе преку ред по барање на фановите, кои искрено ги почитуваме… Следно спремете се за Балкан Банда на Таско”, велат од “Урбан рекордс”.

Повеќе на Музика24...