“Урбан Рекордс” побогати со уште еден убав и талентиран женски артсист – Луна (Фото+Видео)

Таа е дива, нескротлива, таа е сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил… Таа е се, само обична не. Запознајте ја дваесет и едно годишната Луна, вториот женски артист на “Урбан Рекордс”, кој ветува многу. Луна веќе го промовираше нејзиниот прв сингл “Kуш”, на YouTube каналот на “Урбан Рекордс”.

На овој видео спот му предходеше едно неофицијално и необично видео на Тракер што претставуваше најава за нејзиниот официјален прв спот. Во претходното видеото можевме да видиме како Тракер и Луна сериозно се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна и едно големо добредојде на Луна во фамилијата на Урбан од останатите членови.

Приватно Луна е инструктор по скијање, и во моментот па се до месец март работи во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија. Деновите поради обврските околу спотот и промоцијата таа е на релација Скопје – Копаоник.

Видео спотот се снимаше во Про Лајт Студио. Во него Луна менува неколку интересни модни комбинации, во друштво е со Тракер, а присутна е и една доста интересна бела мечка – маскота. Го изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција. Песната е во трап стил, текстот и музиката се на самата Луна, аранжман/бит, микс и мастеринг се на хитмејкерот Иван Јованов – Ивајо.

Повеќе на Музика24...