Виктор Апостоловски го промовираше видеоспотот за најновата песна “Дај” (Фото+Видео)

Во текот на вчерашниот ден, познатиот македонски пејач Виктор Апостоловски го промовираше видеоспотот за најновата песна “Дај”. Оваа песна е комплетно авторско дело на Виктор, а видеоспотот го реализираше самиот тој и неговата VA Records во Робевски Luxury apartments.

Промовирајќи ја најновата песна и видео спот, Виктор на социјалните мрежи напиша:

“Не зјапајте… Слушајте го текстот и секако коментирајте и споделете! Огромна благодарност до Карија Илиоска за соработката и професионалноста!”, напиша пејачот на социјалните мрежи, истовремено заблагодарувајќи се и на останатите соработници дел од реализацијата на ова видео.

Кому Виктор пее “Дај”, и што точно бара… погледнете го видеото во продолжение:

Повеќе на Музика24...