Запознајте ја Ayana (синооката убавица) првиот женски артист на “Урбан Рекордс” (Фото+Видео)

Префинето и со стил кој плени со својата природна убавина, шарм и моќен вокал… Запознајте ја деветнаесетгодишната талентирана Ayana, првиот женски артист во “Урбан Рекордс”, новото музичко име кое што веруваме ќе прозвучи надалеку. Продукцијата која преферира модерен саунд ни ја представува Ayana во еден нов стил кој не е секојдневен за женските артисти од нашата земја.

Песната “Не ме моли” за која музиката и текстот се на самата Ayana е во трап, РнБ стил. Аранжманот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше на две локации, во “Хелиум Кафе” и во ексклузивниот ресторан/Кафе Бар “Ча Ча” во Скопје.

Ayana со музика започна да се занимава на своја шест годишна возраст свирејќи на пијано, потекнува од музичко семејство и од редовите на музичкото училиште во Куманово, каде и ги остварува првите настапи како соло пејач на училишните концерти.

На кого Ајана му порачува “Не се надевај на мене, затоа што немам време, не ме моли ќе те боли”… дознајте од видео записот во продолжение кој што се промовираше на YouTube каналот на “Урбан Рекордс”.

Повеќе на Музика24...