World Music

AC/DC најавуваат нов албум

Бендот со денови објавува кратки клипови на својата официјална веб-страница што ги заинтригира фановите. Денеска, тие конечно го споделија она што се чини дека е насловната на нивниот нов албум, потврдувајќи го враќањето на водечкиот гитарист Ангус Јанг, басистот Клиф Вилијамс и ритам гитаристот Стиви Јанг.

Исто така, на насловната страница е и вокалистот Брајан Џонсон, кој претходно го напушти бендот во 2016 година поради проблеми со слухот, како и тапанарот Фил Руд (66), кој го напушти бендот во 2014 година, поради правни проблеми. AC/DC ја одржаа својата последна турнеја Даун Андер во 2015 и 2016 година при што го промовираа нивниот 16-ти албум Rock or Bust.

Проблемите со слухот на Брајан го принудија да го напушти бендот за време на турнејата во 2016 година. Тој беше привремено заменет со пејачот на Ганс Ен Роузис, Аксл Роуз. Лекарите го советувале фронтменот да престане да настапува во живо или може целосно да го изгуби слухот.

„Тоа беше најмрачниот ден во мојот професионален живот“, рече Брајан за тогашната дијагноза.

AC/DC е основан во Сиднеј во ноември 1973 година од браќата Малком и Ангус Јанг. По смртта на пејачот Бон Скот, кој починал од акутно труење со алкохол на 33-годишна возраст, Брајан Џонсон беше ангажиран да го замени. На гитаристот Малком му беше дијагностицирана деменција во 2014 година и се пензионирал во дом за стари лица во Сиднеј. Починал на 18 ноември 2017 година на 64-годишна возраст.

Можеби ќе ве интересира: