Ако немате пари не мора да платите – рок ѕвездата Џон Бон Џови отвори ресторан

Рок-ѕвездата Џон Бон Џови неодамна отвори втор ресторан во кој гостите не мора да платат ако немаат пари. Во неговите ресторани оброците немаат цена. Тој вели, оние што сакаат можат да донираат и 20 долари, а тие кои немаат пари можат да јадат во ресторанот, а подоцна да волонтираат во кујната. Музичарот, кој со години се занимава со добротворна работа, го отвори ресторанот преку својата непрофитна организација Soul Kitchen.

Спиред музичарот, 51% од оброците биле платени со донации, а останатите биле покриени со волонтерската работа на луѓето без пари. Поради ова, мотото на ресторанот е: “Сите се добредојдени на нашата маса”.

Во ресторанот на Бон Џови не можете да резервирате маса – гостите се сместуваат на заедничка маса каде што јадат и со странци. Оние кои имаат најмногу потреба за храна седнуваат први. Ресторанот има мени од 3 оброци инспирирани од американска кујна, а менито се менува на секои 10 дена. Постојат и вегетаријански и безглутенски оброци, а сите се приготвени со хранливи и органски состојки кои се одгледуваат во градината на ресторанот.

Освен ова, фондацијата на Бон Џови изградено и домови во Филаделфија за бездомници, и центар кој им помага на мајките тинејџерки и нивните деца. Целта на фондацијата, која е создадена од рок-ѕвездата и неговата сопруга, е да се прекине циклусот на глад, сиромаштија и бездомништво со развивање на партнерства, создавање програми и давање грантови за да се поддржат иновативните организации.

Повеќе на Музика24...