Арета Френклин должи повеќе од 6 милиони долари

“Кралицата на соулот” Арета Френклин, почина на 77 години во август минатата година, а неколку месеци подоцна се дозна дека некој ја ограбил пред нејзината смрт, пишува ТМЗ. Според законските документи што ги примиле, било откриено дека полицијата во Мичиген ја испитува кражбата на имотот на Арета. Крадецот неовластено ги користел нејзините финансиски средства, но се уште не е познато колку пари всушност исчезнале.

Инаку, финансиите на Арета се под микроскоп откако таа почина. Службата за внатрешни приходи тврди дека пејачката должи 6,3 милиони долари за враќање на данокот. Арета со години се бореше со рак на панкреас и најпосле ја изгуби битката. Таа ги остави зад себе синовите Кларенс Френклин (63), Едвард Френклин (61), Тед Вајт Џуниор (54) и Кекалф Канингам (48).

“Кралицата на соулот” не остави тестамент, што ги изненади многумина, бидејќи Кларенс е со посебни потреби па му е потребна финансиска, но и друга поддршка. Затоа, нејзините синови ќе го расподелат имотот подеднакво меѓу себе.

Повеќе на Музика24...