“Backstreet Boys” со голема светска турнеа следната 2019та година (Видео)

Американскиот поп бенд “Backstreet Boys” активно се враќа на музичката сцена. Откако пред неколку месеци го објавија својот прв сингл после 5 години пауза, и активното настапување во Лас Вегас и “Planet Hollywood”, тие најавуваат светска турнеа за следната 2019та година. Во меѓувреме објавија нов сингл насловен “Chances” авторско дело на Ryan Tedder од “One Republic” и Shawn Mendes.

За турнеата насловена “DNA World Tour 2019” најавени се дури 70 концерти, од кои 27 се во Европа, а останатите во САД и Канада. Турнеата ќе започне на 11 мај во Лисабон, Португалија. Европскиот дел со концерти ќе заврши на 25ти јуни во Будимпешта, Унгарија. Северно-американскиот дел на турнеата пак, ќе започне на 27ми јуни во Вашингтон, а ќе заврши на 15ти септември во Њуарк, Њу Џерси.

Повеќе на Музика24...