Бијонсе и Џеј Зи подаруваат доживотна карта за сите нивни концерти (Фото)

Светската музичка ѕвезда Бијонсе и нејзиниот сопруг продуцентот и музичар Џеј Зи одлучиле да наградат еден учесник во нивниот предизвик со две доживотни карти за сите нивни концерти. На својот Инстаграм профил Бијонсе го објави проектот под име “Greenprint” со кој го објави стартот на натпреварот во издржливост. Човекот кој ќе издржи месец дена вегенска исхрана ќе ги добие двете карти за сите концерти на најмоќната музичка двојка на светот Бијонсе и Џеј Зи.

Бијонсе со овој проект се обврзала да јаде исклучиво еден оброк дневно од зеленчук, а Џеј Зи ветил два оброка. Популарната пејачка исто така објавила дека понеделник е ден без месо.

Повеќе на Музика24...