Били Ејлиш ќе ја пее насловната песна за најновиот “Џејмс Бонд”

Били Ејлиш ќе ја изведе тематската песна за новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, насловен “No time to Die” (“Нема време за умирање”), објавија продуцентите на филмот. 18-годишната Били, којашто е номинирана за наградата “Греми”, е најмладиот уметник/изведувач што досега напишал и снимил насловна нумера за серијалот филмови за славниот агент 007.

Иако пред еден месец наполни 18 години, Били веќе е сопственичка на албум број 1 на многу топ-листи. Таа е најмладиот изведувач со четири номинации за “Греми”. Филмот во кој Даниел Крејг глуми британски супер шпион, а оскаровецот Рами Малек како негативец, својата светска премиера ќе ја има на 2 април во Лондон и 10 април во Њујорк.

“Огромна чест е да добиеш можност да изведеш тематска нумера за филм што е дел на таква легенадрна серија”, изјави Били.

“Бонд е најкул филмска франшиза до сега. Јас сум се уште во шок”, додава Ејлиш. Таа ја напиша насловната песна за 25-от филм за славниот агент со нејзиниот 22-годишен брат Финнас О’Конел, нејзин примарен креативен партнер кој исто така е номиниран за “Греми”.

Повеќе на Музика24...