Британската кралска ковачница го овековечи Елтон Џон на златна монета (Фото)

Британската кралска ковачница го овековечи Елтон Џон на златна монета од 1.000 фунти, со која се оддава почит на неговото музичко наследство.

“Ова е прекрасна почест. Во изминатите неколку години ми се случија некои од најнезаборавните моменти во кариерата и ова е уште еден убав јубилеј на тоа патување”, изјави Џон. Монетата ги содржи препознатливите очила и сламен шешир на Џон.

Најевтината монета има номинална вредност од пет фунти и ќе се продава за 13 фунти, додека верзијата од еден килограм злато е со вредност од 1.000 фунти, но нејзината цена е 68.865 фунти.

Седумдесет и тригодишниот Џон беше на својата проштална светска турнеја кога таа беше прекината од пандемијата на коронавирусот.

Повеќе на Музика24...