Селин Дион доаѓа во Хрватска

Една од најпознатите ѕвезди во поп-историјата Селин Дион на 5-ти јуни следната годна ќе настапи во Арена Загреб, како дел од светската турнеја на која таа го промовира новиот студиски албум “Courage”. Турнејата почна на 18-ти месецов во Квебек, Канада, а ќе опфати вкупно 100 градови ширум светот.

“Пејачката во европскиот дел од турнејата, на 23-ти мај 2020 ќе настапи во Лоџ, Полска, па потоа во Велика Британија, Германија, Белгија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Франција, Италија, Финска, Шведска, Данска, а по Хрватска, ќе ги посети и Малта и Кипар”, соопштија хрватските организатори. Албумот “Courage” во некои делови од светот ќе биде достапен од 15-ти ноември 2019.

Повеќе на Музика24...