Далај Лама сними албум со духовни песни (Видео)

Тибетскиот духовен водач, Далај Лама, објави уште една од песна од неговиот албум “Inner World“ кој треба да се промовира на неговиот роденден – 6 јули. Последната песна која ја промовираше носи наслов “One of My Favorite Prayers”. Албумот содржи и неколку мантри и вежби.

Албумот е замисла на извршниот продуцент Џунел Кунин, ученичка на Далај Лама, која му предложила снимање на албум во текот на 2015 година.

“Моја животна цел е да служам колку што можам, а музиката и мелодиите можат да му помогнат на луѓето на кои јас не можам лично”, изјави 90-годишниот Далај Лама. Далај Лама заедно со поранешниот бугарски цар Симеон Втори се единствените живи шефови на држави од времето на Втората светска војна.

Повеќе на Музика24...