Дејвид Гета во врска со 24 години помлада девојка

Еден од најпопуларните светски ди-џеи, Дејвид Гета, е во врска со згодната Латиноамериканка Џесока Ледон, родена 1992 година. Дејвид Гета кој што има 51 година и неговата девојка Џесика Ледон која има 27 години се во врска од 2015 година, но страста помеѓу нив е како и првиот ден, а доказ за тоа се фотките од плажа кои постојано осамнуваат од нив.

Џесика е американски модел, родена е во Куба, а се обидува да изгради и актерска кариера. Работи и живее на Мајами, а Гета стапи во врска со неа во 2015 година, една година по крајот на неговиот 22-годишен брак од кој има две деца. Во 2010 година се појавила во модното шоу “Model Latina”, била една од финалистките и тогаш ја забележале агентите.

Во една пригода, Џесика го нарече Гета: “Моето се”. Таа вели дека е среќна што го дели животот со него, дека тој има убава душа и ја инспирира секојдневно.

Повеќе на Музика24...