Дејвид Гета прогласен за најдобар DJ во светот (Видео)

Дејвид Гета, еден од најголемите музичари и продуценти во историјата на електронската музика, беше прогласен за најдобар диџеј во светот. Највлијателната глобална листа на главни актери на електронската сцена беше формирана со скоро 1,3 милиони гласови на читатели на „ДиЏеј Мег“, кои го вратија Дејвид Гета на првата позиција по 2011 година, кога последен пат ја освои.

„Навистина е неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќно од првиот пат!”, изјави супер популарниот Французин, кој ги освои радио листите во последните месеци со хитот „Let’s Love“, уште една одлична соработка со австралиската пејачка Сиа, но исто така истражува и нови насоки со неговиот „Future Rave“ звук.

Главната листа на „ДиЏеј Мег“ ги сочинува 100-те најзначајни и највлијателни диџеи и продуценти на електронска музика, а зад водечката позиција на Гета во првите 3 се најдоа Димитри Вегас и Лајк Мајк и Мартин Гарикс.

Паралелно со оваа скала, беше објавен и Алтернативниот Топ 100 на „ДиЏеј Мег“, кој е фокусиран исклучиво на хаус и техно и ги комбинира гласовите на публиката со продажба на траки на Beatport. Белгиската техно-хероина Шарлот де Вит за прв пат ја освои ласкавата титула број еден на таа листа.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com