До крајот на годината “АББА” со нова музика

Две години откако најави враќање на музичката сцена, легендарната шведска четворка “АББА” конечно планира да издаде нова музика во текот на оваа година. Ова го објави еден од членовите на групата Бјерн Улвеус, откривајќи дека “некаде после летото” треба да излезат две песни, насловени “I still have faith in you” и “Don’t shot me down”.

“Новата музика доаѓа оваа година. Претпоставувам некаде после летото. Но, не можам да кажам со сигурност”, изјави Улвеус.

Во 2018, групата објави дека планира да издаде нов материјал, 35 години откако четирите членови за последен пат биле заедно во студио. Последниот сингл им беше “Thank you for the music” од 1983 година, по што тие прекинаа секаков облик на соработка. Улвеус во исто време ја отфрли можноста дека “АББА” некогаш повторно ќе настапува во живо.

Повеќе на Музика24...