Дуа Липа ја промовираше новата песна “Electricity” (Видео)

Таа сеуште е актуелна со мега хитот “One Kiss” која што е всушност соработка со шкотскиот колега Келвин Харис. Но и покрај големата популарност и слушаност, Дуа Липа деновиве ја промовираше нејзината најнова песна, како и видео спот за истата. Новата “Electricity” е снимена во соработка со Силк Сити, односно, продуцентите Дипло и Марк Ронсон. Оваа најнова песна воедно е најавен сингл за реизданието на нејзиниот деби-албум “Dua Lipa”, закажан за 19-ти октомври. Двојната комплетна колекција ќе ги содржи сите песни од првенчето, како и уште неколку нови песни, меѓу кои и дуетот со Шон Пол, клупските хитови “Scared to be lonely” и “One Kiss”. Новата соработка со Силк Сити е дополнета и со разиграно видео, во кое Липа ги покажува и своите танцувачи способности, а како сето тоа изгледа и звучи, дознајте во продолжение. Подготви: Редакција Музика24
Повеќе на Музика24...