Ед Ширан донирал повеќе од еден милион фунти за борба против коронавирусот

Ед Ширан живее во англиското гратче Суфолк и сакал да направи нешто за да им помогне на сограѓаните во борбата со коронавирусот. Донирал повеќе од еден милион фунти во добротворни цели на повеќе организации. Според Сан, великодушната донација на британскиот поп-пејач jа вклучува и детската болница во Ипсвич.

“Ужасно време е и Ед сакаше да направи нешто за да помогне. Тој е многу ангажиран со олеснувањето на положбата на тамошното население и знае дека донациите ќе направат голема промена”, изјавил изворот за Сан.

Ширан моментно се наоѓа во самоизолација во својот семеен дом, со неговата сопруга Чери Сиборн, а времето го поминува одгледувајќи органско овошје и зеленчук и наводно, поставувајќи си една амбициозна задача – да пишува по една песна на ден.

Повеќе на Музика24...