Ед Ширан за минатата година заработил рекордни 380 милиони евра

Британскиот пејач Ед Ширан во 2018-та година заработил 380 милиони евра од својата турнеја, односно просечно по над еден милион евра на ден. Со тоа, англиската поп-ѕвезда ја потисна на второто место својата колешка американка Тејлор Свифт, којашто од својата “Reputation” турнеја минатата година заработи 270 милиони евра.

Следува заедничката турнеја на Бијонсе и Џеј-Зи, од која тие заработиле 220 милиони евра, потоа Пинк, Бруно Марс, Ролинг Стоунс и Ју-Ту. Овие пресметки ја вклучуваат само заработката од влезниците, но не и од спонзорствата, продажба на сувенири и слично.

Повеќе на Музика24...