Еден од најголемите бендови во светот се повлекува од сцената

Бендот неодамна ги објавил датумите за концертите во 2019-та година, во рамките на веројатно последната турнеја “No Filter”, во која ќе одбележат 57 години од постоењето, пренесува “NME”. На прашања поврзани со турнејата, Ричардс рекол:

“Можеби ова ќе биде последна турнеја, не знам”. Легендарниот гитарист додал дека на сцена пред 50.000 луѓе се чувствува како дома.

“Како што јас и Рони често знаеме да кажеме пред настап – се враќаме на бина после краткиот мир и тишина”, објаснил тој. Ричардс исто така рекол дека заедно со Мик Џегер напишал неколку студиски песни, кои можеби ќе бидат претставени во декември.

“Направивме неколку песни со продуцентот Дон Вас. Сето тоа беше многу спонтано, поминавме убаво време заедно и некои убави работи произлегоа од тоа”, заклучил гитаристот на Ролинг Стоунс.

Повеќе на Музика24...