Елтон Џон објави дует со Стиви Вондер (Видео)

Во време кога танцовата химна на Елтон Џон „Cold Heart with Dua Lipa (PNAU Remix)“ ја зацврстува својата позиција како глобален хит, популарниот музичар продолжува да открива нови слоеви на претстојниот албум „The Lockdown Sessions“. Минатата недела ја претстави баладата „After All“ снимена со Чарли Пут, а сега имаме можност да ја слушнеме „Finish Line “ – одлична соработка помеѓу Елтон Џон и Стиви Вондер.

Иако веќе соработувале, ова е нивни прв дует. Тие веќе пееја заедно во хит синглот „That’s What Friends Are For“ заедно со Дион Ворвик и Гладис Најт. Нивниот прв дует им даде простор на двајцата да се покажат во најдобро светло: во првиот дел, доминираат пијаното и вокалот на Елтон, додека во вториот дел, вокалот на соул иконата Стиви Вондер го презема водството. Вондер ја збогати песната со рафинирано соло на хармоника, додека госпел хорот Sunday Service Choir додава посебен шмек на песната.

„Ендрју Ват направи одлична работа. Тоа беше магичен процес. Отсекогаш уживав во работата со Стиви и пресреќен сум што после педесет години пријателство конечно имаме вистински дует“, коментираше Елтон Џон, додавајќи дека тој го смета Вондер за вистински гениј.

Песната „Finish Line“ ќе се најде на албумот „The Lockdown Sessions“, кој обединува соработки со некои од најголемите и најпознатите светски музичари. Покрај веќе презентираните соработки, во претстојниот дел учествуваа и Brandi Carlile, Eddie Vedder, Gorillaz, Lil Nas X, Miley Cyrus, Nicki Minaj, Rina Sawayama, SG Lewis, Stevie Nicks, Surfaces, Years & Years, Young Thug и други. Единствена колекција на соработки со уметници кои само Елтон Џон може да ги собере на едно место, е создадена преку работа на далечина во последните 18 месеци во кои светот беше затворен. Албумот што го слави заедништвото е најавен за 22-ри октомври.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com