Енрике Иглесијас и Ана Курникова среќни со своето семејство

Ана Курникова и Енрике Иглесијас се среќни родители. На 16-ти декември 2017-та година, семејството на тениската ѕвезда и пејачот се зголеми со уште двајца – близнаците Николас и Луси. Во последниве месеци, ѕвездите честопати ги споделуваат со своите обожаватели среќните моменти со децата, објавувајќи видеа на своите профили на социјалните мрежи, пишуваат медиумите. Семејството ги покажа поодраснатите близнаци во пресрет на божиќните празници, објавувајќи видео како танцуваат.

Повеќе на Музика24...