Гитарата “martin-d18e” на Курт Кобејн на аукција со почетна цена од еден милион долари

Гитарата на Курт Кобејн на која свиреше на акустичниот концерт од серијата “MTV Unplugged” ќе се продава на аукција по почетна цена од еден милион долари. Анплагд концертот на “Nirvana” се одржа во ноември 1993 година, пет месеци пред Кобејн да се самоубие.

Гитарата “мартин Д-18Е” од 1959 година ќе биде меѓу највредните експонати што ќе бидат понудени на аукцијата во Беверли Хилс во јуни.

“Горди сме што можеме да ја понудиме оваа историска гитара на Курт Кобејн од неговиот легендарен настап со “Nirvana” на “MTV Unplugged”. Како дел од една од најнезаборавните свирки во историјата, оваа гитара има важно место во историјата на рокенролот”, изјави Дарен Џулиен, претседателот на аукциската куќа “Џулиен”. Гитарата ќе се продава заедно со оригиналниот куфер.

Повеќе на Музика24...