World Music

“Guns N’ Roses” објавуваат сликовница за деца

Рок-групата “Guns N’ Roses” објавува сликовница за деца, инспирирана од една од нивните најпознати песни “Sweet Child of Mine“ oд 1988 година. Дел од проектот е и писателот Џејмс Патерсон.

“Како вечен обожавател на групата, јас сум возбуден што работам со нив и што ја оживеав познатата песна низ слики и приказна. Сликовницата ја слави љубовта и музиката и како се тоа го разубавува животот на најубав можен начин”, изјави Патерсон. Приказната “Слатко мое дете” е за Наталија и Маја – ќерка и внука на менаџерот на групата Фернандо Лебелс, и ги прикажува нивните авантури со турнеите на бендот.

Ова не е прв пат Патерсон да соработува со други. Тој неодамна ја издаде и книгата “Претседателот исчезна” со поранешниот американски претседател Бил Клинтон. За групата “Guns N’ Roses”, ова е прв ваков ангажман. Сличен проект имаше и Пол Макартни минатата година, кога ја објави “Grandude”.

Можеби ќе ве интересира: