Британскиот пејач и композитор Ед Ширан, годинава заработи скоро 70 милиони фунти и покрај тоа што не сними ниедна песна, но имаше успешна турнеја минатата година и на почетокот на годинава, па оттаму парите, пишува весникот „Дејли меил“.
Ширан, како што пишува весникот, дневно заработувал по околу 200.000 илјади долари. Во овие пари е вклучена и продажбата на неговите песни на неколку музички платформи. Тој иако заради пандемијата реши да паузира и да се фокусира на сопругата и бебето што се роди пред неколку месеци, на почетокот на неделата најави дека за неколку дена ќе промовира нова песна.