Има светска слава, но е тешко болен

25-годишниот пејач Џастин Бибер многу млад стекна огромна слава и многу пари, после што се одаде на пороци, најмногу наркотици. Како што раскажува, поради тоа денеска се бори со анксиозност, а неодамна откри и дека боледува од лајмска болест.

Пејачот за своите проблеми отворено зборува во документарната серија Сезони, во која открива дека секојдневно ја користи својата приватна хипербарична комора и прима инфузиии, за да се ослободи од токсините.

“Многу се мачам со анксиозноста. Вака мозокот добива повеќе кислород и се намалува нивото на стрес”, вели Бибер, а дел од неговата терапија се и антидепресивите, кои му помагаат да стане од кревет наутро.

Повеќе на Музика24...