Џастин Бибер изненади со новата боја на коса (Фото)

Пастелните бои за коса се тренд кој веќе со години се провлекува низ модата и кој досега го испробале бројни познати дами. На овој откачен изглед се одважи и пејачката Лејди Гага, на која сега и се придружи и Џастин Бибер. Популарниот пејач бил фотографиран во неделата во Беверли Хилс со пастелно розова коса, каква на почетокот на оваа година имаше и неговата сопруга, манекенката Хејли Болдвин Бибер.

Џастин се одлучил за нежна нијанса на розова боја, но промената воопшто не е суптилна со оглед на тоа што не сме навикнати да ја гледаме кај мажите. Сепак, Бибер не е првиот маж во Холивуд кој одлучил да ја обои својата коса во розова нијанса. Тоа претходно го направи и синот на Вил Смит, Џејден Смит, во 2017 година, како и актерот Џеред Лето кој во неколку наврати имаше ваква боја на коса.

Повеќе на Музика24...