World Music

Џастин Бибер призна дека е геј?!

“Џастин Бибер признал дека е геј”, пишува британскиот весник Дејли мирор. Таква порака се појави на профилот на twitter на новинската агенција Е!. Веста била пуштена откако хакери од Башар Асад влегле во системот. Сајбер-нападот не запрел таму. Малку подоцна бил пуштен пост дека поранешната девојка на тин идолот, Селена Гомез му дава поддршка на Бибер за храбриот чекор да си ја признае својата сексуална ориентација. Откако биле елиминирани последиците од хакерскиот напад од медиумите ја демантираа веста на радост на неговите бројни обожавателки.

Но тоа сепак не била единствената непријатност која му била приредена на пејачот. Бибер бил нападнат од обожавател за време на неговиот концерт во Дубаи, известуваат светските медиуми. Обезбедувањето брзо го запрела страшно еуфоричниот обожавател, кој пијан се обидел да го прегрне пејачот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: