Џеј Зи основа фонд за поддршка на мали компании кои тргуваат со марихуана
Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи, сопруг на пејачката Бијонсе, основа инвестициски фонд со 10 милиони долари за поддршка на малите компании во сопственост на афро-американци, кои тргуваат со марихуана. Имено, славниот рапер сака да биде лидер во индустријата за легална марихуана во САД, а во декември 2020 година купи платформа за легална продажба на марихуана на потрошувачи во Калифорнија и компанија што произведува марихуана наречена „Левиот брег“.
„Со првичните 10 милиони долари и годишна инвестиција од најмалку 2 проценти од нето добивката, ние се свртуваме кон диверзификација на трговското лидерство и работната сила”, пишува во соопштението на матичната компанија „Parent“, чиј главен визионер е Џеј Зи.
Пејачката Ријана е исто така меѓу нејзините инвеститори. Фирмата се обврзува да инвестира 2 проценти од профитот секоја година во нов фонд за инвестиции во социјален капитал.