Џенифер Лопез и Малума во нова романтична комедија (Видео)

Светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез во 2021 година ќе се појави во три филма. Првиот е романтичната комедија „Marry Me“, каде освен како актерка се јавува и како продуцент на филмот. Главните улоги во „Marry Me“ покрај Лопез се латино ѕвездата Малума и холивудскиот актер Овен Вилсон.

Дејствието на филмот ја следи позната пејачка (Џеј Ло) која требаше да се омажи за подеднакво славен музичар (Mалума) пред многу фанови, но неколку моменти пред да го каже судбоносното да, дознава дека тој бил неверен и решава да се омажи за друг непознат маж (Овен Вилсон) кој е во публиката на закажаната венчавка и држи знак на кој пишува „Омажи се за мене“. Премиерата во кината е закажана за 14-ти мај. Трејлерот за филмот сè уште не е објавен, но на официјалниот профил на филмот на Инстаграм, е објавен краток тизер.

Лопез годинава ќе ги снима и филмовите „Shotgun Wedding“ и „The Godmother“. Во филмот „The Godmother“ таа ја игра главната улога на нарко-босот Гризелда Бланко.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com