Џенифер Лопез одржа концерт во Анталија

Светски познатата пејачка Џенифер Лопез одржа концерт во турскиот град Анталија, јавува Anadolu Agency. Лопез настапи во туристичкиот центар Белек, а на концертот изрази задоволство што по неколку години повторно се наоѓа во Турција. Таа нагласи дека многу го сака градот Анталија, и додаде: “Ми недостигаше вашата земја”.

Концертот траеше околу 2 часа, а на него присуствуваа околу 2.500 лица. Лопез за време на концертот ги интерпретираше своите најпопуларни песни меѓу кои и новата песна “Medicine”, како и “On the floor”, “Aint it funny” и “Love don’t cost a thing”.

Таа привлече внимание и со нејзниот танц и костуми, а за своите обожаватели имаше и изненадување во кое заедно со нејзината ќерка Ема Ентони изведе дует.

Повеќе на Музика24...