Џеси Џеј призна дека крие тетоважа 13 години

Пејачката Џеси Џеј, девојка на еден од напосакуваните фраери на планетата актерот Ченинг Тејтум, позираше во бикини и со фотографија им откри на фановите дека секогаш носи панталони со висок струк бидејќи има погрешно истетовирани зборови од своја песна. Се работи околу тоа дека пејачката се пошегува во коментарите со своите фанови дека е неписмена, па објасни дека текстот кој е истетовиран на нејзината десна нога е погрешно напишан. И тоа поради благодарение на нејзе.

“Да. Моја тетоважа кажува “Don’t loose who you are in the blur of the starts”. Да, тоа се мои зборови од песната “Who you are”. Да, тоа јас го напишав, Да, погрешно ги спелував зборовите на тетоважата. Да, човекот што ме тетовираше не обрна внимание. Да, имав 18 години. Да, и понатаму не ја разбирам разликата помеѓу “lose” и “loose”. Да, тоа е причината поради која цело време носам фармерки со висок струк”, напиша пејачката па додаде.

“И да, знам дека имам мали гради. Не губете врами да ми го кажувате тоа, како да не ги гледам секој ден”, напиша пејачката која е моментално во Мексико каде ужива со Ченинг, тие двајцаа веќе неколку месеци уживаат во љубовта и изгледаат како вистинки заљубен пар.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.