World Music

Џастин Бибер најави музички камбек во 2020-та година (Видео)

Џастин Бибер најави музички камбек во 2020-та по проблематична година во која призна дека имал проблеми со дрога и депресија. Некогашната тинејџерска ѕвезда соопшти дека на 3-ти јануари ќе објави нов сингл насловен “Yummy”, како најава на се уште неименуван петти албум.

Бибер зеде пауза од музиката во 2017-та година откако ги откажа последните 14 концерти од својата светска турнеја и оттогаш само сними една песна со Ед Ширан.

“Мислам дека ова ќе биде поразличен албум од претходните токму поради тоа каде сум сега со животот. Како луѓе, никој од нас не е совршен и моето минато, грешките и сите нешта низ кои што сум поминал ме доведоа до оваа фаза”, изјави 25-годишниот Бибер. Во почетокот на годината, тој објави емотивен есеј во кој ги призна своите проблеми со дрога и депресија, опишувајќи се како “најомразената личност на светот”.

Бибер се прослави уште како тинејџер откако го импресионирал менаџерот Скутер Браун со своите обработки на интернет. Во 2010 го објави првиот миниалбум, од кој дури седум песни влегоа на американската топ 100 листа.

Можеби ќе ве интересира: