Каталог со песните на Боб Дилан е продаден за 300 милиони долари

Музичката корпорација Universal Music купи комплетен каталог со песните од Боб Дилан. Компанијата, наводно, платила деветцифрена сума за авторските права за една од највредните колекции во историјата на музиката. Договорот се однесува на авторските права на повеќе од 600 песни од кариерата на Дилан, вклучувајќи ги “Blowin ’In The Wind”, “The Times They Are a-Changin”, “Like A Rolling Stone”, “Lay Lady Lay” и “Forever Young”, соопшти Universal Music.

Компанијата не ги објави финансиските детали за набавката на „правата на Дилан“, но „Фајненшл тајмс“ пишува дека станува збор за „деветцифрен број“. „Њујорк тајмс“ проценил дека станува збор за повеќе од 300 милиони долари.

„Ова е најважниот договор за објавување музика во овој век и еден од најважните во историјата“, тврди Universal Music. Дилан, чија кариера трае 60 години, има продадено 125 милиони плочи ширум светот. Неговите песни, од кои некои се најпопуларни воопшто, редовно се појавуваат во филмовите и рекламите и по неколку децении од нивното објавување. И, тие често се обработени и изведувани од други уметници, што носи огромни приходи од авторските права.

Во 2016 година, Дилан ја доби Нобеловата награда за литература „за создавање на нов поетски израз во рамките на големата американска музичка традиција“.

„Исто така е привилегија и одговорност да се има опус на еден од најголемите текстописци на сите времиња чија културна вредност не може да се прецени“, рече Џоди Герсон, извршен директор на Universal Music.

Дилан го објави својот прв албум со оригинални песни во последните осум години во јуни оваа година. „Rough and Rowdy Ways“ е неговиот 39-ти студиски албум, е објавен 58 години по првиот. Меѓу десетте песни е и 17-минутната балада за убиството на Џон Кенеди. Списанието Ролинг Стоун напиша дека тоа е „апсолутна класика“.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com