Кејти Пери покажа колку е прекрасна една жена кога е во подмината бременост (Фото+Видео)

Неодамна американската пејачка Кејти Пери го објави спотот за својата нова песна “Daisies”. Како што самата таа вели, со оваа нова песна и видеоспот сака да покаже колку всушност прекрасно изгледа една жена кога е во подмината бременост. Кејти во видеоспотот носи бел долг фустан со наметка, на кој што се гледа и нејзиното трудничко стомаче.

“Ја напишав оваа песна пред неколку месеци како повик да останеме на патот што сме си го одредиле себеси, без разлика на тоа што мислат другите”, порача Кејти. Инаку, познатата пејачка го чека своето прво дете со Орландо Блум, а претходно веста за бременоста ја соопшти исто така преку музички видеоспот.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.