Лејди Гага разочарана на доделувањето на Злетните глобуси

Во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, синоќа по 76-ти пат е одржано доделувањето на Златните глобуси. Најголемите ѕвезди од светската филмска индустрија парадираа по црвениот тепих, а Златниот глобус традиционално се доделува пред Оскарот. За најдобра драма е прогласен “Bohemian Rhapsody” филм за животот на прочуениот Фреди Меркури чиј лик го игра Рами Малек. Тој воедно доби и “Златен глобус” за најдобар актер благодарение на улогата во овој филм.

Во категоријата за најдобра комендија или мјузикл победата ја однесе филмот “Green Book”. “Златниот глобус” за најдобра актерка го освои Глен Клоус за филмот “The Wife”.

За најдобар актер во комедијата е Кристијан Бејл за филмот “Vice”, а во истата категорија за женска улога го освои Оливија Колман, за улогата во филмот “The Favourite”. Актерите во споредните улоги кои освоија награди се Махерсал Али (“Green Book”) и Реџина Кинг (“If beale street could talk”).

Наградата за најдобра ТВ серија ја освои “The Kominsky Method”, додека за најдобар филм на странски јазик е избран “Roma”, а за најдобар режисер токму Алфонсо Куарон кој го режираше овој филм.

Лејди Гага ја освои наградата за најдобра песна за филмот “A Star is born” кој го игра главна улога. Пејачката во филмот глуми со Бредли Купер кој го режираше споменатиот филм. Се шпекулира дека сепак Гага останала разорачана, бидејќи наводно се надевала дека ќе ја освои наградата за најдобра улога.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.